Лазаров објави список од 36 ракометари за баражот против Фарски Острови

Селекторот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров денеска го објави поширокиот список на играчи за претстојниот двомеч со Фарски Острови, во баражот за пласман на Светското првенство во 2025 година.

На списокот има 36 играчи од кои Лазаров во следниот период ќе ги избере оние кои ќе бидат во конкуренција за настап и ќе се обидат да го однесат националниот тим на уште едно големо натпреварување. Доминираат ракометари од трите најквалитетни клубови во земјава: Вардар, Пелистер и Алкалоид, но има и тројца од Охрид, двајца од Бутел, еден од Тиквеш и петмина кои настапуваат во странство.

Натпреварите против Фарски Острови ги играме на 8 и 12 мај, прво на гости, а потоа во „Борис Трајковски“.