Ѓоковиќ 37. роденден ќе го дочека на врвот, ја започна 424. недела како најдобар во светот!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ и овој понеделник има најмногу бодови од сите активни играчи на АТП листата, а така ќе биде и во наредниот период.

Со 9.990 бодови, Ѓоковиќ е на првото место на АТП листата, ја започна 424. недела како лидер на тенисерите.

Тој таму ќе остане и за неговиот роденден кој е на 22. мај кога ќе наполни 37 години. Тој ќе стане единствениот тенисер кој на таа возраст бил на првото место.

Зад Ѓоковиќ е Јаник Синер кој сега има 8.860 бодови, додека на третото место е Карлос Алкараз со 7.345 бодови.

Во топ 10 се уште и Медведев, Зверев, Рубљов, Руд, Циципас, Хуркач и Димитров.