Почина човекот кој со Аргентина го освои Светското првенство во 1978 година

Легендарниот Аргентинец, Сезар Луис Меноти почина на 85-годишна возраст, тој како селектор ја предводеше Аргентина до мундијалската титула во 1978 година.

Меноти беше познат по прекарот „Ел Фако“, тој е роден на 5. ноември 1938 година. Најголемиот дел од тренерската кариера го помина во Шпанија каде ги водеше Барселона и Атлетико Мадрид и успеа да оасвои Ла Лига, Купот на Шпанија и Суперкупот.

Како играч настапуваше за Росарио, Расинг, Бока Јуниорс, Њујоркс и Сантос каде со Пеле освоија четири шампионски титули.

Неговото име вечно ќе биде запишано во аргентинскиот фудбал поради 1978 година кога на својата земја ѝ го донесе големиот пехар од Светското првенство.