Спектакуларен дочек за Адеми и Ристовски по шампионскиот триумф во Риека (ФОТО)

Динамо синоќа со 2-1 победи на гостувањето кај Риека, триумф кој треба да се покаже како клучен за освојување на шампионската титула, навивачите на клубот од Загреб им приредија масовен дочек на своите херои.

Илијадници навивачи на Динамо Загреб се собраа пред Максимир каде го чекаа автобусот со фудбалери. Тие пристигнаа околу 1,30 часот по полноќ, а од автобусот прв се појави нашиот Стефан Ристовски кој пееше заедно со фановите.