Лопетеги се враќа во Премиерлигата!

Поранешниот шпански селектор, Хулен Лопетеги од следната сезона повторно ќе работи во Премиерлигата, тој ќе биде нов тренер на Вест Хем.

Лондонскиот клуб се реши за тренерска смена, на местото од Дејвид Мојс, ќе седне Хулен Лопетеги.

Според Фабрицио Романо, Лопетеги и Вест Хем постигнале договор, следуваат формалностите по што соработката и официјално ќе биде објавена.

Лопетеги претходно во Премиерлигата беше тренер на Вулверхемптон.