„Никој не знае зошто Чави не зборува со него, ако замине од Барса, тоа ќе биде - засекогаш“

Агентот на Витор Роке, Андре Кари вели дека неговиот клиент нема да замине на позајмица, туку тоа би било на перманентен трансфер.

Витор Роке требаше да биде големо засилување за иднината на Барселона, но авантурата на бразилскиот фудбалер премина во кошмар. Тој има 138 минути одиграно распределени во 11 натпревари, но и покрај тоа постигна два гола.

Се шпекулира дека Барселона ќе го даде на позајмица за следната сезона, но неговиот агент вели дека Роке сака перманентно да го напушти клубот.

„Тој нема да оди на позајмица. Ако замине, тоа ќе биде на перманентен трансфер“, вели Кари.

„На никој не му е јасно зошто Чави не го игра и зошто дури и не зборува со Витор. Имаше многу натпревари на кои можеше да му даде минути, а не му даде“.

„Не разбирам. Не е праведно, наскоро ќе разговараме со Барселона за неговата иднина“.