Халанд даде четири гола и повторно доби критики од Рој Кин!

Легендарниот Рој Кин повторно најде причина да го искритикува Ерлинг Халанд и покрај тоа што норвешкиот напаѓач даде четири голови против Вулверхемптон во победата на Манчестер Сити од 5-1.

Халанд одигра одличен меч, даде четири голови, но покажа незадоволство во 82. минута кога Гвардиола реши да го извади од игра. Норвежанецот беснееше на клупата за резерви, а тука Кин ја најде причината да го искритикува.

„Ја видовме неговата реакција кога беше заменет, не беше среќен, изгледаше како разгалено дете. Таквите работи сега се забораваат бидејќи дава голови и Сити победува, но не е во ред“, рече Кин.

Пред некоја недела легендата на Манчестер јунајтед изјави дека Кин е само добар шпиц, но севкупниот квалитет му е како на играч од четврта лига, потоа рече дека напредувал, сега е како фудбалер од втора лига, па вчера продолжи со критиките.