Манчестер јунајтед е подготвен за ремонт - половина тим е на „црната листа“

Англискиот гигант Манчестер јунајтед има уште една ужасна сезона, па поради тоа Сер Џим Ретклиф и останатиот дел од управата на премиерлигашот реши да донесе радикална одлука.

Голем дел од фудбалерите разочараа и поради тоа се на „црната листа“, односно ќе бидат продадени во текот на летниот преоден рок.

На листата за отстрел се Арон Ван-Бисака, Виктор Линделоф, Хари Мегваер, Рафаел Варан, Касемиро, Кристијан Ериксен, Антони, Дони Ван Де Бек, Џејдон Санчо, Софијан Амрабат, Ентони Марсијал и Маркус Рашфорд.

„Ѓаволите“ до крајот на сезоната ќе се обидат да изборат пласман во европските купови за следната сезона.