Познати четвртфиналните двојки на Мундијалот: Сѐ наведува на ново финале меѓу Данска и Франција

По одигрувањето на денешните последни натпревари од групната фаза, познати се двојките за осминафиналето од Светското ракометно првенство.

Двата најголеми фаворити за титулата Франција и Данска се наоѓаат на различни страни од костурот, па се наведува на тоа дека претстои уште едно финале меѓу нив, како пред две години во Стокхолм кога триумфираа Данците со 34-29. Во четвртфиналето, двете селекции не би требало да имаат тешка работа бидејќи Франција се среќава со Египет, а Данска со Бразил.

Четвртфиналните натпревари се играат на 28 и 29 јануари, полуфиналните на 30 и 31 јануари, а дуелите за медали се на 2 февруари.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ
(1) Франција - Египет
(2) Хрватска - Унгарија
(3) Данска - Бразил
(4) Португалија - Германија
ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ
Победник 1 - Победник 2
Победник 3 - Победник 4