„За два месеци во Манчестер јунајтед остарев десет години“
Единствениот гол на натпреварот го постигна аргентинскиот дефанзивец, Лисандро Мартинез во 78. минута и тоа беше единствениот момент за издвојување од комплетните 90 минути.
„Немам 40, туку 50 години. За два месеци работа во Манчестер јунајтед остарев десет години, но мило ми е што сум тука и што со овие луѓе можам да го прославам роденденот“, изјави Аморим.
Манчестер јунајтед во последнитеч етири дена оствари две важни победи, пред Фулам победи и против Ренџерс во Лигата на Европа. На табелата во Премиер лигата „црвените ѓаволи“ се наоѓаат на 12-то место со 29 бодови од 23 натпревари.