Кузмановски на чело на листата на стрелци по групната фаза на Светското првенство
До оваа бројка, бомбардерот на Пелистер стигна на шест меча што е просек од над осум гола по натпревар со 69% ефикасност. Заедно со него, на чело на листата на стрелци е и данскиот ракометар Матијас Гидсел со тоа што тој има послаб процент од Кузмановски (67%), но само еден гол постигна од пенал, за разлика од нашиот репрезентативец кој 13 пати погоди од линијата од седум метри.
Втор стрелец во македонскиот национален тим е Марко Митев со 22 гола, а трет е Жарко Пешевски со 19.