Беше еден од најдобрите во Серија А, а сега заврши во полиција - шверцувал кокаин!
Според информациите, Наинголан соработувал со Ибрахим Ахмад кој претходно се поврзуваше со криминални активности, а во 2016 година беше уапсен во САД. Наиголан бил уапсен како дел од голема истрага за организиран криминал на група која се фокусира на дистрибуција на кокаин од Јужна Америка во Белгија.
Ова не е првпат името на Наиголан да се биде поврзувано со шверц на кокаин. Белгијците пренесуваат дека еден од неговите деловни партнери во компанијата за приватни авиони бил осуден за шверц на дрога за терористчката организација Хезболах.
Кога е кариерата на Наинголан во прашање од оваа година настапува за Локерен-Темс од Белгија, а претходно го носеше дресот на: Пјаченца, Каљари, Рома, Интер, Антверп, СПАЛ и Бајангкар. Своевремено Белгиецот важеше и за еден од најдобрите фудбалери за врска во светот.