Порто доведе нов тренер: Вакво нешто во Португалија досега не се случило

Aргентинскиот тренер, Мартин Анселми го презема кормилото на португалскиот гигант Порто.

На клупата на Порто 39-годишниот стратег пристигнува на местото на Витор Бруно и стави потпис на соработка до крајот на сезоната 2026/2027. Порто во овој момент е на третото место во првенството со 41 бод е на третата позиција, толку има и второпласираната Бенфика, лидер е Спортинг со 47.

Порто нема да најдобар пласман и во Лигата на Европа каде што е на 25-тото место од 36 екипи пред последното коло.

Интересно е што сезонава во Португалија сите три гиганти ги променија тренерите, претходно тоа го направија Бенфика и Спортинг. Медиумите во Португалија пренесуваат дека такво нешто се случува за првпат во историјата на португалското првенство.