Колку што лани Наполи освои за цела сезона, толку бода има Конте по 22 кола!

Антонио Конте се покажа како вистински избор за нов тренер на Наполи, италијанскиот стратег ја врати моќна на наполитанскиот тим кој е лидер во Серија А.

Ако се земе знаењето на Конте и фактот што Наполи не игра во Европа оваа сезона, јасно беше дека тие се едни од фаворитите за Скудетото во Серија А.

Но, тоа што го прави Конте е импресивно, бројките зборуваат за подвизите.

Наполи по 22 кола оваа сезона има 53 бодови.

Наполи по 38 кола минатата сезона имаше исто 53 бодови.