Силекс се засили со голман од Борец
Нов фудбалер на тимот предводен од Александар Басоски е младиот голман Никола Филевски.
Станува збор за 20-годишен чувар на мрежата кој во кариерата настапуваше за Вардар, Работнички и велешки Борец од каде што пристигнува во Кратово.