Историски успех на „кариоките“: Бразил првпат ќе игра во четвртфинале на Мундијал
Тоа е најголем успех на „кариоките“ во нивната ракометна историја бидејќи првпат ќе играат во четвртфинале на ова натпреварување. Досега најголем успех им беше деветтото место, освоено во 2019 година, но тогаш не играше во четвртфиналето. Воедно, бразилската репрезентација е прва од Јужна Америка која успеа да се пласира во топ-8 на Мундијал.
Во клучниот меч денеска, Бразил ја победи Шведска со 27-24 и е безбеден на второто место со тоа што може да заврши и на првата позиција ако во последното коло Португалија доживее пораз. Најефикасни беа Монте и Лангаро со по четири гола, а одличен беше голманот Рангел кој оствари 20 одбрани.
Она што се случи во групата 3 од главната фаза на Светското првенство е најнеочекувано сценарио бидејќи во конкуренција на гиганти како Шведска, Шпанија и Норвешка, во четвртфиналето се пласираа Португалија и Бразил.