Белгија против Македонија со Куртоа, Лукаку и Де Брујне
Тоа се однесува на Тибо Куртоа, Ромелу Лукаку и Кевин де Брујне кои не играа во финишот од мандатот на Доменико Тедеско. Куртоа уште лани влезе во конфликт со италијанскиот стручњак и изјави дека нема да брани за Белгија додека е тој селектор, а Лукаку и Де Брујне не играа на последните натпревари од Лигата на нации. Нивното враќање во репрезентацијата ќе биде приоритет за Гарсија кој ќе треба и да ја направи смената на генерации бидејќи гореспомнатите тројца се во последните години од своите кариери.
„Со сигурност ќе патувам во Мадрид, Манчестер и Неапол за да разговарам со фудбалерите кои можат повторно да не направат светска фудбалска сиула. Секогаш сум верувал дека со најдобрите играчи може да се работи“, изјави Гарсија.
Белгија се наоѓа во групата со Македонија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, а првиот меѓусебен дуел на овие две селекции се игра на 6 јуни во Скопје.