Нејмар се враќа во Сантос како играч и ко-сопственик?
Изгледи за такво нешто постојат бидејќи тој повеќе е надвор од терените, отколку на нив, а последните недели тренира со Сантос. Актуелниот договор му е со важност до јуни 2025 година и според него, загарантирана му е плата од 100 милиони евра по сезона, сума која Сантос може само да ја сонува.
Сепак, за да го донесе во своите редови Сантос е подготвен на необичен договор. Освен што би бил играч, Нејмар ќе добие и дел од акциите на клубот, односно ќе стане ко-сопственик и во иднина ќе може дури и целосно да го преземе Сантос. Дали ова ќе се оствари сега или во текот на летото, ќе се знае најдоцна за неколку недели.