„Мундијалот ќе ни остане во добро сеќавање, но - сакаме да бидеме уште подобри!“

Македонија со пораз од фаворитот Франција (25-32) го завршиот вториот круг на Светското првенство (СП), а Томислав Јагуриновски по мечот кажа дека е горд на неговите соиграчи.

Јагуриновски посочи дека натпреварот против Франција бил тежок затоа што тоа е селекција која секогаш се бори за највисок пласман на првенствата.

„Овој меч денеска беше тежок за играње бидејќи Франција е репрезентација која на секое првенство се бори за медал. Сакам да им честитам на сите момци, се надевам дека на следни натпреварувања ќе ја радуваме Македонија со подобри резултати. Сите натпревари кои ги игравме со Австрија, Катар и други ќе останат во добро сеќавање, како една позитивна работа. Имаше мал период кога не бевме доволно добри за да ги задоволиме дел од гледачите, но се трудиме да бидеме подобри и подобри“, кажа Јагуриновски.