Пресврт во Битола: Пелистер од „минус 18“ до победа против Гостивар!
Не започна добро натпреварот за битолскиот состав и по првата четвртина домаќините беа во негатива 23-32-. Второто полувреме донесе уште подобра игра на Гостивар, па така предноста на гостите во еден момент дојде и до 18 разлика (29-47).
Во тие моменти изгледаше дека Пелистер ќе го запише третиот пораз во низа, но тогаш зелен-белите започнаа да се будат и да ја „топат“ разликата. Со подобра игра во финишот Пелистер дојде до 46-55 на паузата.
Таа добра игра како да беше најава за она што следуваше во второто полувреме. Веќе на средната од третиот период, Пелистер израмни на 61-61, а во продолжение и го презема водството. На крајот домаќините успеаа и да слават со двоцифрена разлика.
Бојиќ од Пелистер беше најефикасен на средбата со дабл-дабл од 26 поени, 11 скокови и две асистенции, додека Елис за Гостивар уфрли 18 поени со седум скокови и две асистенции.
На табелта битолскиот состав е третопласиран со 25 бода, два помалку од лидерот МЗТ И еден од ТФТ, Гостивар е 10-ти со 20 бода и во серија од три порази.