Синер ја почна 34. недела на првото место, останува таму најмалку до април
На најновата АТП ранг-листа, тој има безмалку 3.700 бода повеќе од второпласираниот Александер Зверев, а денеска ја почна 34. недела на првото место. Тоа е 17. најдобар резултат во историјата на тенисот, за да го стигне Алкараз му требаат уште две недели, а потоа ќе ги брка Илие Настасе (40) и Енди Мареј (43).
Нема сомнение дека ќе ги стигне затоа што со триумфот во Мелбурн, на Синер му е загарантирано првото место најмалку до почетокот на сезоната на земја, на стартот на април. Дотогаш брани само 1.500 бода поради титулите во Ротердам и Мајами со тоа што лани не играше во Индијан Велс и таму може да освои нови бодови.
Со пласманот во финалето во Мелбурн, Зверев освои нови 500 бода, но сепак е далеку зад лидерот на АТП листата. Трет е Карлос Алкараз со 7.010 бода, по неговиот следуваат Тејлор Фриц и Каспер Руд, а скок од една позиција забележа Новак Ѓоковиќ кој сега е шести, но со заостанување од речиси 8.000 бода зад Синер.