Алонсо фрлил око на фудбалер од Сити, Леверкузен тргнува по неговиот потпис!

Баер Леверкузен тропнал на вратата на Манчестер Сити, го бара младиот фудбалер Џејмс Мекати.

22-годишниот офанзивен фудбалер на Манчестер Сити оваа година имаше изданија кои го привлекоа вниманието.

Наводно, Чаби Алонсо сака да го види во својот тим на местото од повредениот Териер.

Леверкузен понудил позајмица со опција за откуп.

Проблем е што и Гвардиола има високо мислење за Мекати, па тешка ќе биде операцијата на Леверкузен да се купи англискиот фудбалер.