Зверев се искачи на врвот на листата на најголеми лузери во тенисот
Тоа беше трето загубено Гренд слем финале за 28-годишниот играч кој се уште нема титула на најважните турнири на АТП турот. Претходно по еднаш загуби на „Ролан Гарос“ (2024) и Австралија опен (2020) и со тоа им се придружи на Тони Роуч и Каспер Руд кои, исто така, имаат три загубени финалиња без победа на Гренд слем турнирите.
Зад нив, со по две загубени финалиња без титула на овие турнири се Стефанос Циципас, Кевин Андерсон, Робин Содерлинг, Марк Филипусис, Алекс Кореча, Тод Мартин, Седрик Пиолин и Мирослав Мечир.