Барса ѝ даде седум гола на Валенсија и по речиси три месеци победи дома (ВИДЕО)

Екипата на Барселона ја прекина серијата од четири меча без победа откако вечерва на домашен терен ја прегази Валенсија со 7-1.

Интересно е тоа што ова не е најубедлива победа на „каталонците“ оваа сезона бидејќи во почетната фаза од првенството го совлада Ваљадолид со 7-0. Ако се земат предвид само натпреварите во јануари, Барса веќе има 29 постигнати гола, а ѝ претстои и мечот против Аталанта в среда, во Лигата на шампионите.

 

 

Се на овој меч беше познато по само 24 минути игра кога Барселона веќе водеше со 4-0. Отвори Де Јонг во третата минута, а по него погодија уште Торес, Рафиња и Фермин Лопез кој на истекот од првото полувреме го постигна и петтиот гол на домашниот тим. Дуро во 59. минута намали на 1-5, но Левандовски и Тарега кој си постигна автогол се погрижија за конечниот резултат.

Денешната победа на Барселона беше прва на домашен терен по 3 ноември 2024 година. Оттогаш каталонскиот тим само три пати играше пред своите навивачи, но ги загуби сите три меча, од Лас Палмас, Леганес и Атлетико Мадрид. Со овој триумф Барса се доближи на три бода од Атлетико, но Реал е далеку напред со седум бода предност. Македонскиот голман Столе Димитриевски од клупата го проследи денешниот меч.

За десетина дена овие две екипи повторно ќе се сретнат и тоа во четвртфиналето од Копа дел Реј, но тој натпревар ќе се игра на Местаља.