„Оставивме добар впечаток на СП и тоа треба да ни биде мотив во иднина!“

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски кажа дека е задоволен со резултатите кои ги постигнале на Светското првенство (СП) во ракомет.

Пешевски кажа дека заслужиле да го завршат првенството со репрезентација која ќе се бори за титулата на Мундијалот.

„Заслуживме да затвориме со конкурент за злато на ова натпреварување. Франција е велесила, ние се спротиставивме со сите можни сили, оставивме добар впечаток и тоа треба да ни биде мотив за во иднина. Во последните неколку години ова е турнир кој на физички план го издржавме, мислам дека многу добро се подготвивме, почнавме најрано, први дојдовме во хотелот и покажавме дека оваа Македонија има сила и мотивација за да го израдува македонскиот народ“, кажа Пешевски.