Стојковиќ: Можевме и подобро на СП, но немавме среќа!

Македонската ракометна репрезентација одигра борбен натпревар против моќната Франција и загуби со 25-32 во последниот меч од втората фаза на Светското првенство (СП).

Марко Стојковиќ кажа дека настапот на Мундијалот за него бил големо искуство, а притоа посочи дека сме можеле да оствариме и подобар пласман, но во некои натпревари немавме доволно среќа.

„Мислам дека сите дадовме максимум, има многу разлика од оваа репрезентација и другите. Сите го знаеме тоа. Имаме голем простор за напредок, работиме максимално и даваме сè од себе. Ова беше големо искуство за мене, има многу разлика од нашата лига и играта на турнирот. Можевме и подобро на првенството, но немавме среќа“, кажа Стојковиќ.