Кизиќ: Сите знаеме која е Франција, но нема да се предадеме!

Македонскиот голман Марко Кизиќ одигра одличен меч против Катар и помогна да се оствари голема победа во втората фаза на Светското првенство (СП).

Кизиќ пред натпреварот против Франција кажа дека нема да се предадат на последниот меч од оваа фаза, иако ривалот важи за голем фаворит.

„Ни следи дуел против Франција за која не треба да се трошат премногу зборови, сите знаеме кои се и што се. Треба да уживаме на тој натпревар, не треба да ги прецениме Французите и треба да играме за победа. Ни недостига атмосферата од првите натпревари, но разбирливо е дека долго е првенството. Многу ни значи поддршката од тие што се тука сè уште и другите што нè поддржуваат пред малите екрани, ни даваат дополнителен мотив за да се бориме уште повеќе и да постигнеме подобри резултати. Очекуваме добар натпревар против Франција, да се бориме до крај, нема да се предадеме“, вели Кизиќ.

Македонија ќе се соочи против Франција в сабота од 20.30 часот.