МЗТ Скопје се засили во рекетот со поранешен младински репрезентативец!

Довчерашниот играч на Работнички, Оливер Двојаковски до крајот на оваа сезона ќе биде член на актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје.

Стручниот штаб на клубот од Аеродром беше принуден да направи ваков потег со оглед на тоа што последната недела екипата остана без двајца високи кошаркари Милош Копривица и Андреј Андоноски, а в недела ја очекува тешко гостување кај МКК Куманово. Двојаковски немаше голема минутажа во Работнички, но ќе мора да помогне во тешките моменти и да покаже дека поседува квалитет за играње во најквалитетниот тим во земјава.

За 27-годишниот центар, МЗТ Скопје ќе биде осми клуб во македонската кошарка, по Куманово, Пелистер, Еуро Никел, АВ Охрид, Академија ФМП, Шкупи и Работнички, а има стаж и во младинските репрезентации.