Олимпијакос поразен првпат во 2025 година, Фенербахче се радуваше во Пиреја
Турскиот тим вторпат сезонава славеше над Олимпијакос и сега има само една победа помалку, но и еден заостанат меч, оној со Париз кој беше одложен во декември. Поради сето тоа, се вжештува борбата за првото место на табелата, на 11 кола пред крајот на основниот дел.
По добрата игра на Олимпијакос во првата четвртина, Фенербахче ги доби следните две со 52-38 и тука ја стекна клучната предност. Во последниот период предноста на гостите отиде иа на +14, Олимпијакос за момент се врати на пет поени негатива, но не успеа да го комплетира пресвртот.
Во останатите два натпревара од денешната програма, Асвел ја совлада Барселона со 100-94 и остана во игра за пласман во плејинот, додека Баерн се израмни со Реал, Барселона и Црвена Звезда со биланс 13/10, на делба од шестото до деветтото место.
РЕЗУЛТАТИ
Алба - Баерн 84-99
Асвел - Барселона 100-94
Олимпијакос - Фенербахче 77-87