Хрватска се повикува на историјата - на денешен ден стана светски шампион

Обложувалниците и сите ракометни стручњаци се сигурни дека Данска е фаворит на денешниот финален натпревар од Светското ракометно првенство, но Хрватите си имаат свои сметки пред мечот.

Тие се повикуваат на историјата која вели дека на денешен ден пред 22 години ја освоија светската титула што воедно беше прв трофеј на овие натпреварувања по осамостојувањето на државата. До триумфот, „коцкестите“ стигнаа на Мундијалот во Португалија, а во финалето ја совладаа Германија која исто така важеше за фаворит за трофејот.

Натпреварот се одигра на 2 февруари 2003 година, а Хрватска победи со 34-31 и ја освои втората титула, по олимписката во Атланта во 1996 година.