Работнички и Тиквеш го затвораат 23. коло во ПМФЛ

Денеска од 14 часот се игра последниот натпревар од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Работнички го пречекува Тиквеш.

Натпреварот се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а бодовите се важни за двете екипи, но од различни причини. Работнички сака да се одржи во трката за шампионската титула, а Тиквеш собира бодови за опстанок.

Во пролетниот дел од сезоната Работнички има пад во формата, има само еден триумф на четири првенствени натпревари, а Тиквеш во денешниот дуел ќе влезе со зголемена самодоверба по победата над Шкупи во минатото коло.

Денеска 14 часот

Работнички - Тиквеш

Вчера

Силекс - Вардар 1-1
Шкендија - Пелистер 1-0
Гостивар - Брера 2-2
Шкупи - Беса 2-3
Струга - Воска 1-0