Андреј Тодороски е играч на колото во Србија

Македонскиот фудбалер, Андреј Тодороски кој настапува за ТСЦ Бачка Топола е прогласен за најдобар играч на колото во српската фудбалска Суперлига.

Бачка Топола за 25-годишниот Тодороски во јануари плати 450.000 евра за да го донесе од Спартак Суботица, а трансферот веќе почна да им се исплаќа.

Андреј Тодороски го постигна еден од трите погодоци за ТСЦ Бачка Топола во победата од 3-1 на гостувањето кај Раднички, но беше и севкупно најдобар на теренот.

Тодороски беше прогласен за играч на колото, но интересно ова за него е вторпат оваа сезона со вакво признание, а првиот пат беше како фудбалер на Спартак Суботица.

Тој е роден во Прилеп, но се сели во Австрија каде ги започнува фудбалските чекори, потекнува од школата на Рапид Виена.