Еден месец суспензија за Васоски!

Инцидентот кој се случи по последниот судиски свиреж на мечот меѓу Силекс и Вардар, го чини Александар Васоски долга суспензија.

Александар Васоски заработи црвен картон поради жестоки протести кон судиите, инцидентот се случи по крајот на мечот кога дојде до вербална расправија меѓу тренерот на Силекс и лицата кои ја делеа правдата.

За овој испад Васоски доби суспензија од еден месец и ќе треба да плати парична казна од 200 евра.

Во меѓувреме ќе има и репрезентативна пауза, па Силекс без својот тренер на клупата ќе биде во три натпревари, против Брера, Тиквеш и Воска.

Со еден меч суспензија е казнет и фудбалерот на Силекс, Илија Донов кој заработи црвен картон во финишот од првото полувреме.