Хрват може да го наследи Мота: Џунтоли веќе започнал преговори

Eкипата на Јувентус на домашен терен доживеа тежок пораз од Аталанта со 0-4 и по овој пораз „старата дама“ заостанува шест бод зад тимот на Гасперини кој е трет.

Медиумите во Италија пренесуваа дека навивачите на торинскиот клуб се незадоволни и тоа го покажале со напуштањето на стадионот предвреме, освен тоа надвор од него се скандираше и името на Масимилијано Алегри. Покрај поразот од Јувентус, клубот од Торино претходно беше елиминиран од Лигата на шампионите и Купот на Италија.

Поради тоа се наведува и дека во Јувентус започнале да размислуваат за тренерска смена. „Тутојуве“, медиум кој го следи исклучиво Јувентус објави ексклузивни информации дека клупскиот директор Кристиано Џунтуоли го контактирал хрватскиот стратег Игор Тудор.

Како што се наведува, Џунтоли го побарал Тудор во текот на вечерта веднаш по вчерашниот пораз. Тудор во овој момент е без ангажман, па може да биде опција за раководството на „старата дама“. Исто така се потсетува дека тој веќе еден период помина во Јувентус како помошник на Андреа Пирло.