Кари испиша историја: Нема да биде само кошаркар, ќе има и друга работа

Најдобриот шутер на сите времиња и кошаркар на Голден Стејт, Стеф Кари ќе има уште една работа покрај играчката кариера.

Како што пренесува најпознатиот НБА инсајдер, Шемс Чарни, Кари прифатил улога на помошник на генералниот менаџер за кошаркарки на Дејвидсон колеџот од кој и самиот своевремено беше дел.

Чарни објави дека информацијата ја добил од лице вработено на Универзитетот, а Кари со овој потег и испиша историја во американскиот спорт. Имено, тој стана првиот активен играч во било кој спорт во Америка кој во исто време има и административна работа во некој НЦАА тим.

Кошаркарот на Голден Стејт дел од Дејвидсон универзитетот беше од 2006 до 2009 година кога беше избран како седми пик на НБА драфтот и од тогаш е во тимот од Сан Франциско.

Во актуелната сезона Кари бележи просек од 24.6 поени, 4.5 скокови и 6.2 асистенции по натпревар.