Нов срамен потег на атлетска трка: Во полн трк го турна ривалот пред целта (ВИДЕО)

Oткако пред неколку дена бевме сведоци на срамниот потег во САД кога младата атлетичарка Кејлен Такер од средното училиште Бруквил претрпе сериозни повреди, сега нов срамен потег се случи во Шпанија.

Марио Паленсија на шпанското атлетско првенство до 20 години кое се одржа изминатиот викенд во Саламнака ги шокираше гледачите и натпреварувачите во моментот кога пред целта го турна својот ривал.

Гиљермо Санчез без проблеми славеше н трката на 1.500 метри со време од 3:54.55, но по трката најмногу се зборуваше за тоа што се случуваше зад него. Имено, додека Санчез ја славеше победата, Даниел Лопез трчаше втор, а Паленсија беше трет.

Во еден момент изгледаше дека Лопез влегува во патеката на Паленсија, тогаш третопласираниот спринтер силно во полн трк го турна својот ривал кој заврши на земја и веројатно со полесни повреди.