Норвежаните признаа дека мамеле на СП во Тројндхајм: Мислевме нема да бидеме откриени

Неверојатна информација пристигна по неодамна завршеното Светско првенство во нордиски дисциплини во норвешкиот Трондхајм.

Имено, двајцата најдобри скокачи, Мариус Линдвик и Јохан Андре Форфанг беа дисквалификувани од натпреварувањето, додека Јорген Грабак е исфрлен од тимското натпреварување во нордиска комбинација поради неправилности со опремата.

Јан-Ерик Албу генералниот директор на норвешката скијачка федерација на прес-конференција призна дека нивните натпреварувачи свесно и со намера ги прекршиле правилата.

„Јасно е дека ги прекршивме правилата. Верувавме дека нашите трикови нема да бидат откриени, се обидовме да го измамиме системот и тоа е целосно неприфатлвио“, изјави Албу.

Непосредно пред почетокот на натпреварувањето во текот на ноќта членови на норвешката екипа биле забележани како неправилно ја подесуваат оперемата што предизвика сомневање помеѓу ривалите. Исто така, три национални репрезентации (Австрија, Словенија и Полска) поднесоа жалби поради можно мамење и тоа беше доволно да се отвори истрга.