Дуран и Роналдо му обезбедија четвртфинале на Ал Наср во азиската ЛШ

Фудбалерите на Ал Наср триумфираа со 3-0 против ирански Естеглал во реваншот од осминафиналето во азиската Лига на шампиони (ЛШ).

Џон Дуран го отвори резултатот во првото полувреме, по што Роналдо стрелаше за 2-0 во 27. минута од пенал, при што стигна од 927 погодоци во кариерата.

Дуран го потврди триумфот на Ал Наср во 84. минута, кога стрелаше за конечни 3-0 и со тоа му обезбеди четвртфинале на својот тим.