Стуани ѝ обезбеди бод на Жирона, Миовски беше стартер против Еспањол

Жирона освои бод на гостувањето кај Еспањол (1-1) во 27. коло од шпанската Ла Лига, а македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше стартер на мечот.

Првото полувреме помина со четири жолти картони и ниту еден погодок на двете страни, но затоа Еспањол на стартот на вториот дел погоди за предност од 1-0.

Жирона се обидуваше да стигне до израмнување во продолжение од средбата, а конечно успеа преку Стуани од пенал во 86. минута. Миовски играше 69 минути, по што беше заменет токму од стрелецот на погодокот.

Еспањол се наоѓа на 15. позиција со 28 бодови, додека Жирона е на 13. место со 33 поени.