
Ивановски се пласира во квалификациско финале во Пореч
Ивановски го загуби првиот сет против Николиќ со 4-6, но во следниот славеше со 6-4, по што во решавачкиот беше подобар од ривалот со 10-8.
Младиот тенисер утре ќе се бори против 19-годишниот Лука Плосниќ за влез на главниот турнир во Пореч.
Турнирот е од категорија М15 со награден фонд од 15.000 долари и се игра на земјена подлога.