Србљак ќе се бори за влез на главниот турнир во Аламинос

Горазд Србљак го дели една победа од пласман на ИТФ М15 турнирот во Аламинос, Кипар, откако денеска оствари триумф против Кристајан Дел од Велика Британија.

Србљак славеше против британскиот тенисер во два сета, со 6-2 и 6-1, па со тоа си закажа финале за пласман на главниот турнир во Кипар.

Македонскиот тенисер утре ќе се соочи против 19-годишниот Мануел Лазиќ од Австрија.