Удинезе го сопна Лацио на патот кон позициите кои водат во ЛШ

Лацио ремизира против Удинезе (1-1) во 28. коло од италијанската Серија А, па така пропушти можност да се пробие во топ-4 во лигата.

Удинезе беше подобар противник на теренот во првиот дел и заслужено поведе преку Туван во 22. минута од натпреварот. Домаќинот, сепак, го возврати ударот во 32. минута кога Ромањоли стрелаше за 1-1.

Во второто полувреме имаше по неколку шанси на двете страни, меѓутоа резултатот не се промени и двете екипи си поделија по еден бод.

Лацио е на петтата позиција со 51 бод, додека Удинезе е на 10. место со 40 поени.