
Реал Мадрид ќе остане без три ѕвезди за дербито со Атлетико!?
Медиумите пишуваат дека Винисиус Жуниор добил удар во палецот на десната нога, додека Џуд Белингам ја повредил десната натколеница. Родриго, исто така, е повреден и се пожалил на болки во левото стапало.
Медицинските прегледи треба да покажат дали тие ќе бидат подготвени за реваншот против Атлетико, кој е закажан за среда од 21 часот на „Ванда Метрополитано“.