Ѓорческа победи со пресврт и се пласираше на турнирот во Унгарија

Maкедонската најдобра тенисерка со две победи во квалификациите успеа да се избори за пласман на ИТФ W75 турнирот во Унгарија. Ѓорческа денеска по меч кој траеше два часа и 11 минути беше подобра од романската претставничка Андреа Прискариу со 2-1 во сетови.

Првиот сет и припадна на Романката со 6-3, но во вториот Ѓорческа заигра многу подобро и отвори со 5-0 и со 6-1 да го освои сетот за израмнување. Третиот сет донесе изедначена борба, па победничката се решаваше во тај-брејк.

Таму македонската претставничка беше подобра со 7-3 за конечни 2-1 во сетови. 

Втората македонска тенисерка, Магдалена Стоилковска денеска го предаде мечот од второто квалификаицско коло на ИТФ W15 турнирот во Шарм Ел Шеик.