
Дојде роденденот на неговата сестра и Нејмар - се повреди!
Нејмар поради повреда го пропушти натпреварот со Коринтијас (1-2) во полуфиналето од бразилската Паулиста, а по него се огласи на социјалните мрежи.
„За жал, почувствува болка во претходните неколку недели. Навистина сакав да помогнам на тимот, направивме тестови, но повторно почувствувавболка“, објави Нејмар.
Бразилските медиуми истакнуваат дека засега не е познато за каква точно повреда се работи, но интересно е што по кој знае кој пат во кариерата Нејмар се повреди кога неговата сестра ќе го слави својот роденден на 11 март.
Во последните десет години тоа се случи седум пати.