Македонија Престон со совршена паненка ги расплака Грците во Австралија! (ВИДЕО)

Македонскиот тим во Австралија, Македонија Престон Лајонс со 2-0 го победи Јужен Мелбурн кој е клуб на грчката дијаспора, триумфот е во меч од 5. коло во австралиската регионална фудбалска лига НПЛ Викторија.

Македонија Прстон Лајонс ја оствари првата победа над Јужен Мелбурн по речиси четири децении, па радоста кај македонската дијаспора во Австралија која го прати фудбалскиот клуб, беше голема.

Натпреварот се играше пред полни трибини на стадионот на Пестон Лајонс кој собира нешто над 7.000 гледачи.

Македонскиот тим победи со 2-0, а еден од погодоците беше постигнат од страна на Џан Албано со совршена паненака од пенал.

По пет одиграни кола Пестон Лајонс е на второто место на табелата со три победи и две нерешени.