Почина еден од најдобрите македонски кикбоксери – беше европски вицешампион!

Македонскиот репрезентативец во кикбокс, Милан Кубин, кој беше член на клубот „Гладијатор“ од Скопје, почина вчера, а причините за неговата смрт засега не се познати.

Тој беше еден од најдобрите македонски кикбоксери, освојувач на бројни признанија и медали на домашни и меѓународни натпревари. Меѓу најголемите негови успеси се сребрениот медал на Европското првенство во Лутраки (Грција) пред осум години, како и признанието „Најдобар спортист на Град Скопје“ во 2016 година.

Негови колеги, пријатели и фанови уште се во неверица и се простуваат од него преку социјалните мрежи.