Кандидат за „Пушкаш“: Бразилец постигна спектакуларен гол (ВИДЕО)

Во Бразил изминатата вечер беше постигнат гол кој сигурно ќе биде во потесна конкуренција за наградата „Пушкаш“, а беше дело на Бразилецот, Матеу Дорија.

Фудбалерот на Атлас во 61. минута од натпреварот против Тиуан успеа да погоди на спектакуларен начин со ударот „шкорпион“ по кој во минатото беше познат Златан Ибрахимовиќ.

Кога е натпреварот во прашање, Атлас со голот на Дорија намали на 3-1, а до крајот на натпреварот успеа да направи пресврт и славеше победа до 3-4.