
Флик: Против Бенфика ќе играме за Карлес!
Ханси Флик на прес-конференцијата пред овој натпревар зборуваше и за починатиот доктор на Барселона, Карлес Минаро.
„Претседателот во неделата одржа говор во соблекувалната и јас разговарав со екипата. Ова е голема загуба за нас, беше одлична личност и голем доктор. Беше неверојатно важен за овој клуб, клучна фигура во екипата. Ќе ни недостасува, но животот понекогаш е таков. Ќе играме за него и ќе ни биде важно да победиме. Подготвени сме, мораме да продолжиме, тоа е наша работа“, изјави германскиот стратег.
Натпреварот помеѓу Барселона и Бенфика се игра во терминот од 18:45 часот.