
Рајс: Ние сме Арсенал, ќе се бориме до крај!
Топчиите имаат теоретски шанси, но според многумина немаат реални, Ливерпул нема шанси да загуби доволно бодови за да биде престигнат од Арсенал.
Црвените имаат 70 бодови, Арсенал има 55 и натпревар помалку. До крајот на сезоната Ливерпул има уште девет натпревари, топчиите уште десет.
„Ќе дадеме се од себе до крајот од сезоната. Ливерпул игра неверојатно. Но, уште не е готово. Треба да продолжиме да притискаме, ние сме Арсенал. Има уште многу да се игра“, вели Деклан Рајс.